denta22 lice_1 lice_2 lice_55

Нашиот тим

                                         Denta ES 217

 DentaES 004  

               Д-р Слободан Ѓеоргиев

             Специјалист по орална хирургија и имплантологија

 

Роден во Скопје во 1979 година.Средното образование го завршил во ДСМУ Д-р Панче Караѓозов во Скопје. Стоматолошки факултет завршил во 2003 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Специјалист по орална хирургија и имплантологија е од 2011 година. Посетувал најразлични курсеви од областа на стоматологијата и се здобил со сертификати за примена на биостимулирачки ласери и хируршки ласери во стоматологија . Успешно го воведува и користењето на методот PRP (плазма богата со протеини) како во оралнохирушките интервенции, така и во лицевата естетика.Има поминато посебна обука и се здобил со лиценца за самостојна работа при примена на хијалуронски филери и Botulinum Toxin во лицева естетика, како и мезонишки во лицева регија.

 

 DentaES 003  

        Д-р Елена Василевска Ѓеоргиева

                        Специјалист по ортодонција

Родена во Скопје во 1981 година.Средното образование го завршила во Скопје. Стоматолошки факултет завршила во 2005 година на Стоматолшкиот факултет во Скопје.Во текот на својата стоматолошка пракса посетувала најразлични курсеви, а специјалист по ортодонција е од 2011 година.Работи класична ортодонција, лингвална, како и најпрестижниот Damon system.Во 2011станува Damon Doctor, а од октомври 2012 година е и официјален едукатор за Damon систем на во Македонија и Косово. Има поминато обуки за миофункционална терапија и посебна обука за темпоромандибуларна дисфункција , и sleep apnea и ги третира овие нарушувања на ТМЗ со соодветен вид на терапија.

 DentaES 009  

       Д-р Виктор Стефановски

     Специјалист по протетика

 

Роден е во Куманово во 1984 година. Средното образование го завршил во Средното Медицинско Училиште во Штип. Стоматолошки факултет завршил во 2008 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Специјалист по стоматолошка протетика е од 2012 година. Посетувал најразлични курсеви од областа на стоматологијата,особено од областа на високо естетски протетски реставрации, ламинати, а има поминато и посебна обука и се здобил со лиценца за примена на хијалуронски филери во лицева естетика.

 

 DentaES 005  

    Д-р Билјана Наневска Костова

   Доктор по општа стоматологија

 

Родена во Скопје во 1981 година. Средно образование завршила во ДСМУ Др. Панче Караѓозов во Скопје. Дипломирала на Стоматолошкиот Факултет во Скопје во 2005 година.Во текот на својата работа посетувала бројни курсеви и се здобила со сертификат за примена на биостимулирачки ласери во стоматологија и нивни практични протоколи. Работи како доктор по општа стоматологија.

 

DentaES 011

 Д-р Димитри Милошевски

 Доктор по општа стоматологија

 

Роден е во Скопје во 1987 година. Завршил средно медицинско училиште во ДСМУ Др. Панче Караѓозов во Скопје. Стоматолошкиот факултет го завршил во 2010 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје. Работи како доктор по општа стоматологија и е ORMCO менаџер за продажба.

 DentaES 022

 

 

 

              Д-р Марија Јанкуловска

 Доктор по општа стоматологија

Родена е во Скопје во 1989 година. Средното образование го завршила во 2008 година, додека  пак своето високо образование го завршила во 2013 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје. Работи како доктор по општа стоматологија и е дел од тимот Протетика, а воедно и специјализант на Стоматолошкиот факултет во Скопје

 

 

 

 DentaES 014  

               Д-р Вања Ичкова

              Магистер по стоматолошки науки

 

Родена е во Гевгелија, 1988 год. Средното образование го завршила во родното место, а Стоматолошкиот факултет во 2012 год. во Скопје. Активно е вклучена во стоматолошката практика од 2014 год. со една година посета на магистерски студии при Стоматолошкиот факултет во Скопје. Од јануари 2016год. е магистер по стоматолошки науки поврзано со стрес редукциони методи, кога воедно и се приклучува и во тимот на ДентаЕС. Работи како доктор по општа стоматологија и е дел од тимот на Ортодонција.

 

 DentaES 012

         

 

         Д-р Златко Најдевски

         Доктор по општа стоматологија

     Роден е во Скопје, 1990 год. Завршил средно медицинско училиште отсек забен техничар. Стоматолошкиот факултет го завршил во 2014 година во Скопје. Во текот на својата работа посетувал бројни курсеви и симпозиуми. Работи како доктор по општа стоматологија и е дел од тимот за Орална хирургија и имплантологија.

 

 

 

DentaES 019

     Милена Крстевска

                   Стоматолошки асистент

 

Родена е во Скопје во 1991 година .Завршила средно медицинско училиште во Скопје, отсек забен техничар. Дипломирала на Високата Школа за стручни забни техничари при Стоматолошкиот Факултет во Скопје во 2013 год. Работи како стоматолошки асистент во ординацијата по ортодонција.

 

 DentaES 006

 

               Наташа Трајковска

                   Стоматолошки асистент

Родена е во Скопје во 1994 година. Завршила средно медицинско училиште " Д-р Панче Караѓозов" во Скопје, отсек забен техничар во 2012. Работи како стоматолошки асистент од мај 2015. Од Април 2016 работи во Дента Ес како стоматолошки асистент во одделот за Орална хирургија и имплантологија.

 

 

DentaES 023

    Елена Алчева

                     Стоматолошки асистент

 

Родена е во Велес во 1988 год. Има завршено средно образование во Штип Во СОУ ’’ Јане Сандански ‘’ отсек забен техничар. Работи како стоматолошки асистент во Велес од 2008 година. Од јули 2013 работи во ДентаЕс како стоматолошки асистент во ординацијата по протетика.

 

 DentaES 021

 

 

 

            Роберта Пешиновска

 

            Стоматолошки асистент

 

Родена е во Струга 1989 година. Завршила средно медицинско училиште во ДСМУ "Др. Јован Калаузи" во Битола, отсек медицинска сестра-техничар. Дипломирала на Факултетот за Туризам и Осигурување во Охрид отсек осигурување. Работи како стоматолошки асистент и е дел од тимот на ординацијата по општа стоматологија.

 

DentaES 028

Стефан Темелковски

Администратор

Роден е во Скопје 1988 година. Завршил средно медицинско училиште во ДСМУ "Панче Караѓозов" во Скопје, отсек забен техничар во 2006 год. Дипломирал на високата школа за забни техничари при стоматолошкиот факултет во Скопје во 2010 год. Посетувал повеќе курсеви за менаџмент, комуникација со клиенти и вработени. Работи на местото администратор во поликлиниката Дента Ес.

 

 

Denta ES 206

Софија Антовска

Администратор

Родена е во Скопје 1991 година. Завршила во средното економско - правно училиште Васил Антевски- Дрен”. Моментално е вондреден студент на Филозофски факултет. Работи на местото администратор во поликлиниката Дента Ес.

 

The Betst bookmaker bet365 Review
How to register at bookamkersHere