denta22 lice_1 lice_2 lice_55

Естетска стоматологија

Естетиката на забите е се поважна, како една од основните карактеристики на луѓето. Особено кога се смееме, но не само тогаш, забите се важен дел од лицевата естетика, а во денешно време постојат многу начини за нивна корекција, било да се работи за недостаток од типот на неправилност кај забите или пак појавување на некакви флеки и промени на истите.

Белење на заби

Во Дента ЕС работиме професионално ласерско белење на заби со кое може да се добијат и до 7 нијанси побели заби. Се изведува во три сеанси од по 10 минути, а процесот на белење трае уште уште 48 саати по тоа. Отстранување на пигменти и од заби и од нецпе На запите па дури и на непцата кај некои луѓе се појавуваат меланогени пигменти како и пигменти настанати од консумирање пијалоци, кафе, цигари. Истите се отстрануваат на повеќе начини: со полир паста, гумички, дискови, пескарење и слично. Во естетска интервенција може да се вброи и отстранување на забен камен – кое се работи со помош на ултра звук.

Декалцификации

Некои луѓе пак имаат склоност на појавување на бели дамки на забите како резултат на калцификација. За тој проблем, во Дента ЕС работиме реминерализација на забите со помош на средства на база на флуор, како и со други посебни средства.


Композитни ламинати- componeers

Кога сакаме да направиме естетска корекција на забите, но нема потреба од ставање на порцелански коронки, користиме понеинванзива метода за реконтурирање на забите – компониери кои како лушпи сосема суптилно се ставаат на забот притоа подобрувајќи ја постоечката естетика на забот било да се работи за форма, боја или пак големина.

estetskastomatologija pred estetskastomatologijapotoa

Промоции

mezonitipromocija

implantipromocija

prppromocija

 

The Betst bookmaker bet365 Review
How to register at bookamkersHere