denta22 lice_1 lice_2 lice_55

Детска и превентивна стоматологија


Во Дента ЕС се гордееме дека децата се голем дел од нашите пациенти, од кои веќе некои и пораснаа во нашата Поликлиника. Свесни сме дека само со особено трпение и позитивен пристап одењето на стоматолог може да прерасне во задоволство за едно дете па затоа посветуваме особено внимание на тој аспект на работата.

Циркуларен кариес кај децата

Во всрка со детската стоматологија особено важно е дека има постои мит кој би сакале да го разјасниме. Честиот кариес кој се јавува на млечните заби најчесто од родителите се смета за нешто што не е загрижувачко и не треба да се лечи затоа што тоа се заби кои ќе паднат и ќе бидат заменети со нови, трајни заби. Но тој, циркуларен или така наречен "baby bottle" кариес доколку не се излечи може да предизвика последици како на останатите заби така и на трајните што растат потоа. Ваквиот кариес може да ја ја уништи целата коронка, а доколку не се третира може да се воспали и самата коска како и да се оштети трајниот заб. Во Дента ЕС не само што ги лечиме ваквите заби туку правиме и реконструирање на истите за да може детето да има заб ист како природниот а не да се остави да забот да скапува и целосно да се изрони.

Залевање на трајни заби

Трајните заби, не само шеските (молари), туку и другите катници и преткатници, треба да се залеат затоа што истите често знаат да имаат кариес уште пред да пораснат и се тешки за одржување/четкање. Честата грешка кај залевање на овие заби е што не се чистат пред да се направи залевањето, па со самото залевање наместо да се помогне во превенција се помага во расипување ба забот. Во Дента ЕС ги чистиме темелно забите пред да се залеат и ставаме најквалитетни материјали за превенцијата сосема сигурна. Препорачуваме веднаш штом ќе пораснат овие заби кај децата да се донесат на стоматолог за да се залеат тие заби.

Естетика кај децата

За што поинтересно искуство особено кај помалите деца, постои пломбирање на млечни заби со пломби во боја и со свтеки. Истите се прават со биолошки компатибини материјали кои испуштаат флуор, како најздрава опција за забите.

Лекување на нервите на забите

Лекување на нервот на млади трајни заби е различно од она кај возрасните, доколку не се направи професионално може да се предизвика престанување на растот на коренот на забот. Затоа лекувањето во Дента ЕС го правиме со постојан надзор и користење на билошки калциумови пасти и постојана контрола до комплетно завршување на растот на коренот.

Промоции

mezonitipromocija

implantipromocija

prppromocija

 

The Betst bookmaker bet365 Review
How to register at bookamkersHere