denta22 lice_1 lice_2 lice_55

Протетика

protetika cadcam

Протетика е стоматолошка специјалност  која  се однесува на дијагноза, планирање  на третман, рехабилитација и одржување наусната функција и удобност. Понатаму  изгледот и здравјето на пациентите со клинички состојби  кои се поврзани со изгубени или дефицитарни заби  или орални и максилофацијални  ткива. Притоа користејќи  биокомпатибилна замена од метал-керамика, циркониум-керамика и само керамика.

Koronki i mostovi 5Koronki i mostovi 4

Дозволете си убава и здрава насмевка. Почнувајќи со една коронка, која се изработува во случај кога забот е премногу деструиран за да може да биде реставриран со полнење. Деструкцијата и не е единсвениот услов, како индикација постои и пребоеност , малпозиција, нарушување во форма и големина.

Во нашата поликлиника имате на располагање најсовремена безметална коронка исто така и високоестетски ламинати со кои можете да ја имате насмевката од вашите соништа.

Доколку недостасува некој заб истиот може да се надокнади со мостова конструкција, почнувајќи со естетска Shulter метал-керамика па се до високо естетска CAD-CAM циркониум мостова конструкција. За пациентите кај кои недостигаат повеќе заби потребно е да се направи мобилна протетска конструкција. За овие пациенти имаме најсовремени метал скелетирани протези.

 Протезите можат да бидат изработени од титаниум за пациенти кои се алергични на класичниот челик.

protetika pred potoa 2

Промоции

mezonitipromocija

implantipromocija

prppromocija

 

The Betst bookmaker bet365 Review
How to register at bookamkersHere