denta22 lice_1 lice_2 lice_55

Ортодонција и ортопедија на виличен зглоб

Ортодонција

proteza1

Ортодонцијата е многу важен аспект од специјалностите на Поликлиниката Дента ЕС. Од скоро, станувајќи лиценциран партнер на компанијата Ormco, станавме застапници на најсовремениот Damon system кој направи револуција во светот на протетиката и е апсолутен лидер на ова поле третирајќи над 3 милиони пациенти до сега.

Она што е важно да се напомене е дека сега постојат безброј решенија кои можат да се применат за корекција на неправилно поставените заби, било да е од естетски или од здравствени причини. И сега, за разлика од минатото, се работи за побрзи и посуптилни начини кои се користат а кои секако имаат и подобри резултати. Истражувањата покажуваат дека неправилните заби не се само естетски проблем, тие често се причинител и на други заболувања како што е на пример парадонтопатијата. Затоа, се повеќе се обраќаат и постари лица за ортодонтски третмани, како превентива на други стоматолошки проблеми.

 

Мобилна ортодонција

Тука спаѓа и функционална ортодониција, а се применува кај деца во раст и развој. Се работи за мобилни плочести активни апарати за развој на вилиците кај децата кои се во раст и развој. Функционалната терапија пак е со изработка на твин блок, моноблок, френкел и најново д-гаинер со помош на Damon system-от. Со ова се позицинира зглобот и се овозможува правилен раст на сите орофацијални структури, овозможувајки рамнотежа во орофацијалната регија со правилно фунционирање на мускулите на образите, мускулите и јазикот се со цел да се овозможи нормален развој на забот.

Фиксна ортодонција

Се применува со класични метални брикети, но во Дента ЕС користиме со високо естетски, со циркониуми или ајс брикети, кои се особено важни кај тинејџерите.

Damon system

Дејмон систем – со пасивни само регулирачи..

damonclear s54 damon 3mx ikonas54 damon3 ikonas54 damonq ikona

Лингвална ортодонција

Овој вид на ортодонција е со невидливи протези поставени од внатре на забите со што имаме целосна скриеност на истите. Брза ортодонција За решавање на ситни аномалии во фронтот користиме брзи и ефикасни третмани како што е Social Six – производот на Ormco со кој се покриваат по три заби од секоја страна и на тој начин се помага во естетскиот изглед на фронот на забите.
Брза ортодонција

За решавање на ситни аномалии во фронтот користиме брзи и ефикасни третмани како што е Social Six – производот на Ormco со кој се покриваат по три заби од секоја страна и на тој начин се помага во естетскиот изглед на фронот на забите.

                                                                   Нашиот партнер - Ormсo

ormco logo

Ортодонцијата е еден од нашите најважни полиња на работа. Затоа, решивме да ви го понудиме најдоброто преку системи кои го користат принципот кој ни е особено важен – да го третираме секој пациент како засебна индивидуа. Преку нашиот партнер Ormсo, станавме едукатори и застапници на напрестижниот бренд Damon кој преку "face-driven" ортодонцијата не само што направи револуција кај протезите туку воведе и цел нов аспект на третирање на пациентите. Damon системот се карактеризира со по поголем комфор на пациентот, многу помалку контроли, процесот е без вадење заби, пократка терапија и подобри резултати постигнати со користење на лесни билошки чувствителни сили. Ги нудиме најдобрите опции за вас, затоа што само со здравје однатре се постигнува естетика однадвор.

 

Ортопедија на виличен зглоб

Темпоромандоибиларен зглоб

Ова навистина ретко поле на работа на стоматолошките ординации е еден од нашите најважни фокуси, поради фактот дека истражувањата упатуваат на тоа дека често се јавува (дури 70% од населението ја имаат оваа болест). Нарушувањата предизвикуваат општи и локални симптоми.

Општите симптоми вклучуваат - главоболки (кои се мешаат со мигренозни), болки во вратот и укоченост, болки во кичмата, ладни нозе, несоници, вртоглавици и општа слабост, чуство на умор. А кај децата во раст и развој ваквиот проблем со вилицата предизвикува сколиози и кифози.

Локалните пак симптоми се на ниво на самиот зглоб – прескокнување, заглавување, забоболка, зуење во уши, чести воспаленија во уши итн. Па така, луѓето често и не знаат дека го имаат овој проблем па го бараат решението во други гранки на медицината, не сваќајќи зошто и понатаму продлжуваат симптомите.

Вклучуваме најсовремени третмани за лекување на состојбите врзани за виличниот зглоб како што се третман на зглоб со вежби за зглоб, сплинт терапија која се корсити ноќно време, аквализер, третман во реконструкција на зглоб – која може да биде ортодонтска и протетска. Со овие третмани пролемот со виличниот зглоб кој е причинител на други здравствени проблеми да се реши засекогаш.

 

Промоции

mezonitipromocija

implantipromocija

prppromocija

 

The Betst bookmaker bet365 Review
How to register at bookamkersHere